Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со своето противење на уставните измени е ставена под политичка бездна од која не ни знае како ќе излезе, велат познавачите на политичките прилики во земјава. Според нив, иако на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство ги прифатило сите нивни барања, ВМРО-ДПМНЕ сепак останува едиствената пречка на патот на државата кон ЕУ.
Новинарот и политички коментатор Дритон Зенку вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе е изолирана од домашниот и меѓународниот фактор, поради сопствениот став за уставните измени. Според него, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да излезе од ситуацијата со дополнителни оправдувања.
– Побараа излегување на ДУИ од владата, им се исполни барањето, побараа предвремени избори и ова барање го исполнува лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, со најавата за оставка. Во политиката има услови но и предуслови. СДСМ и ДУИ го исполнија барањето на Мицковски, сега ВМРО-ДПМНЕ треба да го исполни нивниот предуслов. За продолжување на патот кон ЕУ, нема друга алтернатива освен отворање на уставот, тоа многу добро го знаат ВМРО-ДПМНЕ. Вистинскиот момент е да се случат овие промени и одговорноста да биде споделена, изјави Зенку за „Фронтлајн“.
Во такви околности, додава тој, ВМРО-ДПМНЕ би излегле како победници од овој процес.
– Спорот со соседната земја ќе биде затворено, ќе се одржуваат избори и ќе се формира новата влада без наследен проблем со Бугарија. Фокусот на новата влада ќе биде процесот на интеграција и економскиот и социјалниот развој. Време е ВМРО-ДПМНЕ да рефлектира и државата да оди напред, ако навистина сака да ја гледа Македонија како членка на ЕУ, нагласи тој.
Долгогодишниот новинар и уредник Ацо Кабранов за „Фронтлајн“ изјави дека по ДУИ, и премиерот Димитар Ковачевски за да се отстрани единствената пречка на патот кон ЕУ, а тоа се уставните измени, им даваат шанса и мотив плус на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се „изижуваат“, односно во јавноста да се добие впечаток дека власата му коленичи на Мицкоски.
– Ако власта му е поважна од интеграцијата на земјата во ЕУ, ете му ја. Одговорноста за се што оваа нивна блокада ќе донесе ќе биде само нивна и ми се чини дека сегашните нивни тврдења дека имале план да избоксуваат поповолни разговори со Брисел за почеток на преговорите ќе се потврди дека им било само фолирање да го закочат процесот и тие да се доберат до власта. Планот на Мицкоски и неговата екипа околу него е јасен – избори час поскоро, а другото нека чека, подвлече Кабранов.
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија најави повлекување од премиерската функција ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени.
– Втората опција е доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да станат дел од Владата бидејќи тие зборуваа за општествен консензус исто како што јас зборувам. Половина места од нашите ќе ги добијат, услов имаа ДУИ да не учествува. ДУИ поднесе оставки и другите албански партии кажаа и ние нема да учествуваме бидејќи очигледно заради нешто им сметаа Албанците. Ќе бидат дел од Владата ќе го завршиме целиот процес, ќе го завршиме скринингот. Ќе отвориме едно или две поглавја и ќе затвориме едно од поглавјата. И ќе одиме на избори. Влада во која доминатно министри ќе има ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе имаме редовни избори, во нивниот редовен термин и претседателски и парламентарни избори, рече Ковачевски.
Пред тоа, сите министри и заменици министри од редовите на ДУИ доставија писмени оставки до премиерот Димитар Ковачевски, со услов истите да бидат ефектирани по изгласувањето на уставните измени во Собранието на Северна Македонија.
Дестан Јонузи (Frontline)