Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денес доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на споменикот на Ќосето.
Каква е оваа иницијатива?
Не е иницијатива за бесплатен јавен превоз, не е иницијатива за почист град, помалку ѓубре, повеќе зеленило, почисти реки…
Не е иницијатива за поголема безбедност во сообраќајот, нови велосипедски патеки и тротоари…Не е иницијатива за некој културен или спортски објект, ниту иницијатива за нешто модерно и ново, свртено кон иднината…
Туку, иницијатива за рециклирање на минатото кое создава поделби и поларизација меѓу граѓаните. За рециклирање на груевизмот и криминалниот проект Скопје 2014. За користење на голиот популизам во недостаток на вистински идеи и иницијативи.
Тоа е тој успешен менаџерски пристап. Ако што ја навредува интелигенцијата на луѓето. Барем не е арогантен, ако ништо друго.
Ајде на здравје, Данеловграде! (СМК)