Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Европската перспектива е единствената опција што ја имаме, ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи зошто е против

„Европската перпсекива на државата е единствената опција што ја имаме. Нема алтернатива. Оние кои се спротивставуваат на европската интегарција на било кој начин, тука пред се мислам на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, немаат аргументација зошто го прават тоа“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Вести плус“ на Канал 5.

Тој додаде дека мора да се направат сите напори и да се искористат сите механизми за продолжување на европската интеграција.

„Не може да кажете дека сте за членство во ЕУ, а притоа да не правите ништо што ќе придонесе кон тоа членство, туку секогаш кога ќе се пружи шанса да исчекори државата напред, вие да ја враќате назад. Има простор да продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, чиста е позицијата, јасни се ставовите кои ги има држават. Према тоа, нема никаков страв од било што, што се заговара како инсуција. Стравот треба да ни биде од изолација“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека не смееме да ја доведеме државата во изолација, баш сега кога можеме заради геостратешката ситуација да ја искористиме шансата и да имаме забрзани евроинтеграциски процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен