Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Тешките одлуки денес значат подобра иднина утре

Ковачевски: Тешките одлуки денес значат подобра иднина утре

„Изминатите 32 години покажаа: тешките одлуки денеска-значат подобра иднина утре. И секој политичар денес, треба да се запраша која е неговата улога за иднината на земјата? Која е неговата должност за продолжување на долгиот синџир на македонската државност? Богатата историја, нашето минато и наследство секогаш ќе бидат столбот, темелот кој не потсетува од каде сме дошле“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на традиционалниот пикник на Пеленица по повод 8 Септември.

Тој додаде дека тоа што СДСМ го носеше товарот на клучните предизвици на современата македонска држава е државнички влог кој трае до ден денешен.

„Од создавањето на современата македонска држава по мирен пат, преку меѓународното етаблирање и признавање, членството во НАТО па се до почетокот на преговорите со ЕУ. Оваа денешна реалност, кога светот ја признава македонската државност, македонскиот јазик, идентитет, културна посебност, кога Европа ни отвора врата да седнеме на големата маса, рамноправни… го дава суштинското значење на државничките одлуки“, рече Ковачевски.

Премиерот запраша каква ќе беше нашата иднина ако на тој 8 септември 1991 година граѓаните останеа дома и не донесеа одлука, ако овој народ и држава дозволеа да ги зафати балканскиот виор на војни и крвопролевања или како ќе ги сочвавме безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните ако не бевме членка на НАТО во време на војна на тлото на Европа.

Но денеска, прашање над сите прашања е каква е нашата одлука за иднината, кое е тоа едно, вистинско место што го избираме за да ја однесеме нашата земја.  Дали е тоа полноправно членство во ЕУ или неизвесност. Одлуките што ќе ги донесеме денес ќе влијаат на иднината на нашите деца внуци и на нашата земја.  Тоа ќе влијае на тоа како следната генерација ќе го слави Денот на независноста по 30 години од сега“, нагкласи рече Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека мнозинството граѓани ја донесоа одлуката дека македонската иднина е европска и никако поинаку

„Јас одлуката ја имам донесено, СДСМ одлуката ја има донесено, мнозинството граѓани одлуката ја имаат донесено. Македонската иднина е европска и никако поинаку. Членство во ЕУ е нашата единствена алтернатива.  Имаме поддршка од нашите стратешки партнери, време е за одлука, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на традиционалниот пикник на Пеленица по повод 8 Септември.

Тој додаде дека огромно мнозинство од граѓаните, над 80 отсто ја поддржуваат визијата за члнество во ЕУ.

„Додека народот остана силен и решителен, дел од политичарите станаа слаби и полни со сомнежи, станаа кочничари на подобра, европска иднина. Додека 80 отсто од населението ја поддржуваат европската визија за Македонија, дел од опозициските пратениците во парламентот сакаат да ја закочат“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа е неодговорно кон најважното, иднината на земјата, иднината на младите македонски генерации.

Зачлени се на нашиот е-билтен