Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерите на ЕУ упатија сочувство за жртвите од земјотресот во Мароко

Ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија членови на своите семејства и пријатели, се наведува во писмото потпишано од шефовите на држави или влади на сите членки на ЕУ и од претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен

Европската Унија и нејзините земји членки ви искажуваат целосна солидарност во овој тежок момент, се наведува во писмото што лидерите на ЕУ го упатија до мароканскиот крал Мохамед Шести, изразувајќи сочувство до него и до Владата и народот на Мароко за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди централниот дел на земјата.

– Ваше височество, ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија членови на своите семејства и пријатели, се наведува во писмото потпишано од шефовите на држави или влади на сите членки на ЕУ и од претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

Членовите на Советот на ЕУ додаваат и дека на сите повредени во земјотресот им посакуваат целосно и брзо закрепнување.

– Како блиски пријатели и партнери на Мароко, ние сме подготвени да помогнеме на кој било начин што ќе го сметате за корисен. Нашите мисли на сочувство продолжуваат да бидат со вас и со вашиот народ, се додава во писмото.

Според последните податоци, во земјотресот загинале најмалку 2.012 лица, а 2.059 се повредни, од кои 1.404 се во критична состојба. Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во петокот во 23:11 часот по локално време (сабота 11 минути по полноќ по средноевропско време), на длабочина од 18,5 километри и со епицентар во провинцијата Ал Хоуз на 72 километри југозападно од Маракеш.

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен