Групата од 24 македонски војници засилена со две кучиња за потрага на луѓе под урнатини денеска тргна кон Туркије за да се приклучи на помошта што ја дава светот и тамошните институции во справување со последиците од вчерашниот катастрофален земјотрес што ги зафати Туркије и Сирија. Нашите војници се упатија за Туркије со авионски лет на Туркиш Ерлајнс.
„Одлучни и спремни што поскоро да се вклучат и да помогнат во спасувањето на драгоцени животи во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије. Тимот за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња заминаа за Туркије“, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска при нивното заминување.