Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерството за култура ќе ја реконструира Универзална сала по застојот направен од Град Скопје

Владата ќе ја доврши реконструкцијата на Универзална сала, која веќе подолг период е оставена како руина поради тоа што Градот Скопје доцнеше со реализацијата на овој градежен зафат. На последната седница на Советот на град Скопје со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука овој култен објект да биде преземен од Министерството за култура.

Градските советници донесоа одлука правото за реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала да се пренесе на Министерството за култура, а откако ќе биде завршен реконструктивниот зафат, објектот повторно ќе се врати во надлежност на Град Скопје.

Министерството за култура сега треба да ја заврши првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала, која подразбира комплетирање на надворешноста на објектот, додека во втората фаза ќе треба допрва да се реновира внатрешноста на објектот.

Инаку, Универзалната сала почна да се реконструира во септември 2021 година, но по доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска беа прекинати градежните работи на терен, со објаснување дека претходното раководство изработило небезбеден проект за реконструкција.

Поради доцнењето на градежните работи, скопјани веќе седум години немаат концертна сала, така што концертите се одржуваат на алтернативни и често пати не соодветни локации во Скопје.

Преземено од МЕТА.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен