Руската агресија врз Украина како приоритетна тема овие денови во Обединетите нации, очекувано им даде простор на руските претставници да се стават во улога на „промотори“ на оправданоста на воените злосторства врз Украина, обвинувајќи го Западот како причина за последитиците кои сега ги трпи Украина, но и светот.
Од друга страна, може и да се толкува како можност за уште едно укажување на Русија, која е позицијата на Европа, Западот, но и во голема мера, светот, во однос на нивните воени дејствија врз Украина.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, предупреди на опасноста од голбален кофликт, но по вина на „слективниот“ Запад, предводен од САД.
Според Лавров, идејата е да се укине „целата историја до 2014 година“, нагласувајќи дека „Западот сноси директна одговорност за уништувањето на Украина и разгорувањето на граѓанската војна“.
Како што пренесува Рацин.мк, Лавров го бранел и правото на вето на Русија во Советот за безбедност како одговор на повикот на Зеленски на земјата да ѝ се одземе тоа право поради инвазијата врз Украина.
Украинискиот претседател, Володомир Зеленски, преку своето обраќање на Генералното собрание на ОН, ја посочи Русија како перманентна закана за мирот во светот.
„Секоја деценија Русија започнува нова војна. Делови од Молдавија и Грузија остануваат окупирани. Русија ја претвори Сирија во урнатини. А ако не е Русија, хемиското оружје никогаш немаше да се користи таму, во Сирија. Русија речиси ја проголта Белорусија. Очигледно им се заканува на Казахстан и на другите балтички земји. А целта на сегашната војна против Украина е да ги претвори нашите земји, нашите луѓе, нашите животи, нашите ресурси во оружје против вас“, изјави Зеленски.
Истовремено, рускиот претставник, со наведната глава го проследи обраќањето на Зеленски.
Дека интересите на Русија кон Балканот, не се воопшто за игнорирање, укажува и барањето на рускиот амбасадор Василиј Небензи, од Еди Рама, албанскиот премиер, кој претседаваше со вчерашната дебата во ОН, да не му дозволи на Зеленски да се обрати.
Рама му одговори: Има решение за ова, ако се согласувате. Прекинете ја војната и Зеленски нема да зборува. Она зошто е важно тој да зобрува и овде да се дискутира тоа што го кажал, произлегува од вас, а не од наша страна.
Небензи се побуни и за присуството на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Осамни, кој во својство на Претседавач со ОБСЕ, се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Во своето обраќање Осамни зборуваше и за агресивната војна на Русија против Украина, истакнувајќи дека заедничката потрага по мир зависи од нашиот колективен ангажман.
Прашањето што го упати до Рама, во кое својство е Османи поканет и дека се спротивставуваат на присуството „на ова ниво“, експресно беше одговорено од абанискот премиер: Не знам што е проблемот, бидејќи ОБСЕ игра важна улога и е тука благодарение на нивниот придонес. Да, претставникот овде е Албанец од Северна Македонија, но кога би било појасно што е проблемот, со задоволство би ве послушал“.
Не можноста да се избегне руското присуство во ОН, што тие бесрамно го користат за оправдување агресијата врз Украина, потребата од постојано укажување и барање помош од Зеленски, за конечен мир во Украина, заканата од руското влијание на Балканот, но и моменталната одлучност на Западот да не попушти пред руските условувања, го одолговлекува процесот на изнаоѓање конечно решение за прекин на војната, и она што следува по неа.
Подготви: Б. Ј.