Азербејџан одржа мировни преговори со етничките Ерменци од Нагорно-Карабах, откако сепаратистите од регионот беа принудени да се предадат по воениот пораз што поттикна протести и повици за оставка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Два часа по веста дека официјални лица од двете страни седнале на мала тркалезна маса во азербејџанскиот град Јевлак, стаса нова информација дека преговорите завршиле.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера изјави дека неговата железна тупаница ја испрати во историјата идејата за посебен ерменски Карабах.
Тамошните Ерменци велат дека немале избор и морале да ги прифатат условите на Баку откако азербејџанската армија ги проби нивните линии во 24-часовна офанзива.
Како дел од договорот, ерменските сепаратисти мора да се распуштат и разоружаат, а регионот со 120.000 жители целосно ќе се интегрира во Азербејџан.
Баку објави дека во Јевлак е претставуван од парламентарецот Рамин Мамедов.
Брзата победа на Азербејџан е кулминација на децениската борба за контрола на Карабах, меѓународно признат дел од Азербејџан каде Ерменците се мнозинство.