Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Герапетритис: Пристапниот процес на земјите од регионот во ЕУ треба да продолжи за доброто на сите

 Поддршката на Грција за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, уште еднаш ја повтори шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис од Њујорк во изјава за државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. 

Герапетритис се осврна на активностите на грчката делегација на Генералното собрание на ОН и истакна дека имале значајни средби и на регионално ниво, како што е состанокот за земјите од Југоисточна Европа и истакна дека ЕУ перспективата на регионот носи придобивки за сите.

-Грција секогаш останува во првите редови за активирање на сите можни механизми за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Пристапен процес кој треба да продолжи за доброто и просперитет на регионот, на Европа и на народите од земјите од Југоисточна Европа, истакна шефот на грчката дипломатија.

За односите со Турција, Герапетритис рече дека во пресрет на 7 декември, кога ќе се одржи Високиот совет меѓу двете земји во Солун, очекуваат позитивни и конкретни резултати за развојот на билатералните односи, на регионален просперитет и развој на поширока соработка.

На Генерално собрание на Обединетите нации, Грција ја промовира и својата кандидатура за учество како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025-26 година и во овој контекст, Герапетритис за ЕРТ објасни дека имале низа средби, мултилатерални, регионални и билатерални. 

Извор (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен