Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите

Тропската бура „Филип“ се очекува денеска да ги погоди Заветринските острови во Карипското Море, носејќи им обилни дождови и поплави по што ќе помине во Атлантскиот Океан, каде ќе се претвори во ураган, според најавите од синоптичарите. 

Американскиот национален центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека бурата „Филип“ се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од островот Барбуда. Најсилниот ветер бил со брзина од 85 километри на час, а „Филип“ се движел кон северозапад со малку зголемена брзина од 11 километри на час.

Количините врнежи кои се очекуваат до вторник се 10,1 до 15,2 сантиметри за Барбуда и Антигва и 5 до 10,1 сантиметар за остатокот од Заветринските острови, соопшти Центарот за урагани.

Обилните врнежи од бурата „Филип“ може да доведат до поројни поплави низ Барбуда и Антигва до вторник, се вели во соопштението.

Синоптичарите очекуваат дека променливите услови би можеле да доведат до тоа бурата во текот на неделата да стане ураган, додека се движи кон централниот дел на Атлантикот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново