Две лица се уапсени во акција на Финансиската полиција, која денеска спроведува претреси на домови и лица на повеќе локации. Акцијата е дел од предистражна постапка за сомнеж за финансиски криминал и проневера на речиси 80 милиони денари буџетски средства.
Според Управата за финансиска полиција, постојат основи на сомнение дека службени лица ги извршиле кривичните дела со цел да стекнат противправна имотна корист од големи размери.
Претресите се спроведуваат по наредби на судија на претходна постапка, во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Двете лица се уапсени во согласност со насоките на обвинителот.
Во соопштението не се откриваат идентитетите на уапсените, институциите во кои работеле, ниту конкретните локации на претресите.
