Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Египет собир на приврзаници на Сиси кои бараат трет мандат

 Неколку илјади приврзаници на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси се собраа денеска во Каиро и побараа трет мандат за претседателот кој е на власт од 2013 година, кога го собори од власт Мохамед Морси.

Демонстрантите собрани на плоштадите во Каиро носат плакати на кои пишува „Да за стабилност“.

Сиси сè уште официјално не се изјаснил дали ќе биде кандидат на претседателските избори закажани за декември.

– Сите излеговме да го поддржиме претседателот Сиси и неговите големи проекти, нема ништо подобро за нашата иднина, изјави еден од демонстрантите.

Сиси победи на изборите во 2014 и 2018 година со 96 и 97 отсто од гласовите откако ја скрши опозицијата со репресија.

Со ревизија на Уставот во 2019 година, Сиси може да се кандидира по трет пат, а мандатот е продолжен од четири на шест години. јт

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново