Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ

Писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Петрески утрово преку писмено соопштение информираше дека поднел оставка од здравствени причини.

-Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, наведува Петрески.

Претходно писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска како членови на Претседателството си поднесоа оставките на 4 октомври. Во соопштението објавено од писателите по тој повод, во петокот, тие се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

Неотповиклива оставка од членството во Претседателството на ДПМ во петокот поднесе и книжевникот Бранко Цветкоски, заради како што наведе, непочитување на статутот на Друштвото и приватизира ње и манипулирање на тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на Претседателството од страна на актуелниот претседател на ДПМ пистаелот Христо Петрески.

Петрески вчера преку соопштение во целост ги отфрли, како што наведува, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста од страна на членови на Претседателството, и најави пополнување на Претседателство со нови членови. Но, денес си поднесе оставка.

Зачлени се на нашиот е-билтен