Повеќе од 558 луѓе се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава.
Како што пренесе ДПА, регистрирани се уште 65 жртви, што го зголеми вкупниот број, додека повеќе од 2.800 се повредени.
Израел почна контра-напад по големиот напад на исламистичката палестинска организација Хамас, која владее со Појасот Газа.
Најмалку 700 луѓе се убиени во Израел, а околу 2.400 други се повредени во најлошото цивилно крвопролевање во израелската историја.
Повеќе од 100 Израелци се исто земени како заложници во Појасот Газа, а Хамас тврди дека четворица заложници биле убиени во израелските воздушни напади.
ЕУ, САД и Израел го сметаат Хамас за терористичка организација.