Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе се состанат за да разговараат за ситуацијата во Израел

 Министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе одржат итен состанок на кој ќе разговараат за ситуацијата во Израел и во регионот, објави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на платформата „Х“ (до неодамна „Твитер“).

Тие ќе го разгледаат одговорот на ЕУ и следните чекори и ќе ја проценат помошта за развој на палестинските територии.

Европската комисија, исто така, денеска објави дека ќе изврши проценка на влијанието на нејзината развојна помош.

„Комисијата во моментов проценува како неодамнешните трагични настани би можеле да влијаат на нашата сегашна и на нашата идна развојна помош“, изјави портпаролот на Европската комисија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен