Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десет градови во ЕУ прогласени за „климатски неутрални и паметни“

Во рамки на програмата „Хоризонт Европа“, Европската Унија денеска на десет градови во земјите членки на ЕУ им ја додели титулата „климатски неутрални и паметни градови“. 

Ваквото признание им се дава на гадови кои со своите политики и планови работат на остварување на целите на ЕУ за постигнување климатска неутралност до 2030 година и со тоа им се овозможува олеснет пристап до јавно и приватно финансирање за реализацијата на тие заложби. 

Титулата им е доделена на Клагенфурт (Целовец) од Австрија, Манхајм од Германија, Сондерборг од Данска, Клуж-Напока од Романија, Стокхолм од Шведска и на шпанските Мадрид, Валенсија, Ваљадолид, Виторија-Гастеис и Сарагоса. 

Со ова се оддава признание за успешниот развој на овие градови и нивната севкупна визија за климатска неутралност, а тие ќе имаат можност за олеснет пристапот до изворите за финансирање на ЕУ и на националните и регионалните власти, како и за привлекување приватни инвестиции. 

Овие десет градови беа избрани меѓу вкупно 100-те населени места кои до април годинава аплицираа на конкурсот за поттикнување на фер зелена и дигитална транзиција на ЕУ. Изборот го изврши Европската комисија во соработка со група експерти, меѓу кои и претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ). 

Зачлени се на нашиот е-билтен