Илјадници Ирачани се собираат во Багдад за поддршка на Палестинците во Газа.
„Овој митинг има за цел да го осуди она што се случува во окупирана Палестина, крвопролевањето и кршењето на правата“, изјави Абу Кајан, еден од организаторите, за француски медиуми.
Тоа е само еден од неколкуте собири планирани за денеска ширум Блискиот Исток, откако високи претставници на Хамас и Хезболах ги повикаа луѓето да протестираат по петочната молитва.
Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал вчера ги повика луѓето „да одат на плоштади и отворени простори низ арапскиот и исламскиот свет“ за да искажат солидарност.
Денеска се очекуваат неколку вакви собири во Либан, Тунис и Јордан каде веќе има голем протест во момент кога во таа држава на посета е американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави Би-Би-Си.
Безбедносните сили, исто така, се подготвени за немири во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.