Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска остварила средба со амбасадорката на Република Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ.
Како што објави Петровска на нејзиниот фејсбук профил, таа му посакала и добредојде на новопоставеното одбранбено аташе во нашата земја, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ
– Развојот на одбранбената соработка со нашата соседна земја е од исклучително значење за зацврстувањето на регионалната безбедност. Во регионот сите отворени прашања мораат да се решаваат преку дијалог, отвореност и почитување на преземените обврски. Северна Македонија продолжува со своето учество во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, со што придонесуваме кон уште постабилен, демократски и просперитетен регион, напиша министерката Петровска на фејсбук.