Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Ве чекаме во ЕУ со вашиот уникатен идентитет и со македонскиот јазик

„Тоа што го постигна Македонија е импресивно. Вие сте на добар пат. Прогресот кој го правите со детерминацијата да продолжите по европски пат е за восхит. Во ЕУ сме подготвени да ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен иденитет и со нејзиниот сопствен јазик. Денес имаме 24, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик“, истакна во своето обраќање на прес конференцијата претседателката на ЕК Фон дер Лајен.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Претседателката на Европската Комисија среде Скопје уште еднаш ги повтори, овој пат со уште поголема увереност дека целта за проширувањето на ЕУ е поставена на 2030 година, со опција оние земји кандидати што ќе бидат подготвени, членството можат да го остварат и порано.

„Тоа што го постигна Македонија е импресивно. Вие сте на добар пат. Прогресот кој го правите со детерминацијата да продолжите по европски пат е за восхит. Во ЕУ сме подготвени да ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен иденитет и со нејзиниот сопствен јазик. Денес имаме 24, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик“, истакна во своето обраќање на прес конференцијата претседателката на ЕК Фон дер Лајен.

Во однос на средбите во Владата, претседателјата на ЕК рече разговорите биле одлични со заеднички заклучок дека со успешната завршница на скрининг процесот останува во Собранието да се усвојат уставните амандмани.

„ЕУ постојано работело на проширувањето со разбирање и почит за секоја нација, а виде треба да го продолжите патот и да ги усвоите уставните измени и со тоа да го отворите кластерот „Основи“ уште оваа година“, порача Фон дер Лајен.

Северна Македонија е суверена држава која ги прави сопствените избори, изборот е ваш, нагласи претседателката на ЕК.

„Навистина се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат овој момент и ќе ги поддржат уставните измени. Се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднната на Северна Македонија. Ние сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ и се надевам дека токму поради тоа движењето напред ќе биде добро и ќе биде поддржано од широко мнозинство“, нагласи Фон дер Лајен

Претседателката на ЕК не пропушти, меѓу импресивните достигнувања како што ги нарече, да го нагласи успехот на Северна Македонија што Скопје ја доби титулата Европска престолнина на културата, што ги потврдува заложбите на земјата да го негува и афирмира мултиетничкиот концепт по углед на ЕУ „обединети во различностите“.

План за раст на регионот вреден 30 милијарди евра

Работите се менуваат на подобро, рече претседателката на ЕК, и сега е вистински момент за проширување и за таа цела, нагласи таа, потребно е и ЕУ и Северна Македонија да се подготват.

„Имаме прозорец на можнсти за Западен Балкан. Останува тоа дека ова е процес на заслуги, но интегрирањето во ЕУ може и порано да се случи со взаемна помош и поддршка.

Во таа насока претседателката на ЕК соопшти деталји за Планот за раст вреден 30 милијарди евра кои ќе бидат насочени кон 4 главни области.

Како што рече Фон дер Лајен 100 милиони евра ќе бидат распределени за макроекономска поддршка со цел да се удвои растот на економијата во претстојниот период.

Тоа, како што рече претседателката на ЕК ќе им помогне на македонските компании да бидат подготвени за пристап со клучни  делови до единстевниот европски пазар.

Меѓу четирите приоритети на Планот за раст на Македонија е поддршката за регионалниот пазар со чија зголемена соработка меѓу земјите од регионот се очекува зголемување на БДП на Западен за 10%.

Во фокус на овој план и понатаму остануваат поддршката за реформите во бизнис средината, за ефикасна јавна администрација, за јавните финансии и за реформите во судството и за борбата против корупцијата.

Урсула фон дер Лајен соопшти деталји и за француско-германскиот предлог за реформа на ЕУ и за изгледите до 2030 година да се спроведат и реформата во Унијата како подготовка за наредното проширување.

„Работите навистина се менуваат на подобро затоа што она што го гледаме е вистинска динамика во процесот на проширување. Сакаме Западен Балкан да се приклучи кон ЕУ, а за тоа треба и вие и ние да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме ние за да бидеме подготвени, кои се прашањата кои се отворени. Кои се одговорите кои треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат, во овој мандат значително се промени нешто и работите стануваат конректни“, посочи фон дер Лајен.

Ковачевски: Работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година

Премиерот Ковачевски на прес конференцијата со претседателката на ЕК Фон дер Лајен рече дека „верува во остварување на целта и дека работина нејзиното остварување“.

„Ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат во своето политичко постоење ќе покажат во Парламентот дека се за европска иднина на државата“, рече Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека сите треба да си ја земат одговорноста во свои раце пред сегашните и идните генерации.

„Со вакви работи не се калкулира, не се прави политчки личен рејтин. СО вакви работи не смее да се игра со емоциите на граѓаните бидејќи тоа ќе значи единствено повторување на оној лош филм кој го гледавме 11 години во држава, кога имавме уназадување на меѓуетничките односи во Северна Македонија, во Македонија. Во кои имавме уназадување на односите со соседите и кога 1 милиментар не мрднавме во евроинтеграциите и кога економијата не ни растеше повеќе од 2% просечно годишно при инфлација од 3%. Затоа велам дека лошите искуства од историјата не смеаат да се повторуваат. Јас ќе продолжам заедно со коалиционите партнери, заедно со лидерите во коалицијата да работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година“, порача Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново