Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат државата на патот кон ЕУ

„Не може да има одговорност во оваа држава за сѐ освен за оние што блокираат. Крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон Европската Унија“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој додаде дека цената треба да ја платат оние кои што ја држат сопствената држава во заложништво и кои што сакаат самите да се закочиме себеси и да и дадеме аргументи на Бугарија.

„Јас мислам дека не треба да им се прости на оние кои што ја држеа заробена државата 11 години и кои што сакаат повторно тоа да го прават и на сите оние кои што им помагаат во тоа, сите оние кои што сакаат да не одалечуваат од ЕУ да не приближат кон Русија или да не приближат кон оние центри на моќ што се активно против нашето членство во ЕУ…“, заклучи Маричиќ.

Фон дер Лајен испрати позитивен сигнал дека Северна Македонија има европска перспектива и дека работи на неа

„Оваа посета ја гледаме како еден позитивен сигнал и охрабрување, бидејќи турнејата на Западен Балкан Фон дер Лајен ја започнува токму од Скопје. На тој начин испраќа порака дека не само што Северна Македонија има европска перспектива туку и дека работи на неа. Тоа го разговаравме и на средбите синоќа помеѓу претседателот Пендаровски и претседателката Фон дер Лајен, денеска со премиерот Ковачевски. Нејзиниот фокус на посета е токму планот за раст иако беа спомнати повеќе други теми“, нагласи Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека таа го пренела она што оваа власт го говори некое време дека постои расположение кај државите членки да разговараат и да дејствуваат на полето на европските интеграции.

„Не е тоа само наша замисла или убава приказна или убава желба, туку дека е тоа навистина реалност. И второ за да го покаже тоа на дело, планот за раст ќе го ефектуираат во најскор можен рок и очекуваме на 8 ноември кога ќе бидат објавени извештаите за сите држави во регионот да биде објавен и деталниот план за раст“, рече Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Граѓаните ќе мора да одлучат помеѓу иднина во ЕУ или 15 годишна агонија која ќе ги зајакне позициите на Бугарија

„Ние знаеме што ќе се случи ако нема уставни измени, тоа ни е познато, тоа значи дека ќе мора граѓаните да одлучат помеѓу својата иднина во европските интеграции и завршување на преговорите за некои 4-5 години или во агонија од 15 години која што во меѓувреме ќе ја зајакне позицијата на БГ, ќе даде аргументи на бугарската страна и ние ќе бидеме перципирани како оние кои што го прават проблемот“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека не мисли дека е тоа реалноста и дека сега владеат апсолутно високи демократски стандарди.

„Ние многу пати како власт и како влада сме жртвувале дури и носење на некои одлуки само за да има валиден демократски процес и за да граѓаните го кажат своето мислење или граѓанските организации или политичките противници“, заклучи Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново