Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски во 2019 бил убеден дека Силјановска ќе има половина милион гласови, а таа освои 130 илјади помалку

Пред претседателските избори во 2019 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваше дека нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова ќе освои околу половина милион гласови.

Овие тврдења Мицкоски ги базираше на анкетите што тогаш пристигнувале во неговата партија.

Сепак, на крајот, Силјановска – Давкова освои 130.000 гласови помалку од предвидените 500.000, односно во вториот круг таа имаше 377.446 гласови.

Пред претстојните парламентарни избори во 2024 година, Мицкоски најавува убедлива победа и бара од граѓаните доверба за да освои над 61 пратенички мандат, а увереноста во убедлива победа повторно ја темели на она што неговата партија го добива од анкетите.

Но, на крајот, граѓаните на изборите, ќе покажат дали Мицкоски овој пат ќе ја погоди прогнозата или повторно ќе се повтори 2019 година.

Колку гласови проектирате  на ВМРО за вашиот претседателски кандидат на следниве претседателски избори? 

Мицкоски: Видете, ние работиме врз основа на анкети и навигација од тоа што добиваме. 

Колку отприлика гласови, колку проектирате? 

Мицкоски: Па, околу половина милион. Околу половина милион. Да. Јас сум вешт во математиката.

(24Инфо)

Зачлени се на нашиот е-билтен