Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Андонов: Концептот за Чебрен постои 30 години, но ниту една друга влада не успеа да го реализира и не е никаков подарок кон Грција

Од првиот тендер во 2006 година, концептот за Чебрен е ист. Нема ништо различно и нема ништо сменето, вели директорот за развој на инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во интервју за Слободен печат.

-Нема никаков подарок кон Грција. Повеќе од три децении слушаме за проектот Чебрен што е испланиран пред 20-30 години, но за жал не е изграден. Од деведесетите години, од нашата независност сите се обидувале на ист начин да најдат инвеститор за Чебрен. Уште од 90-тите години имало некакви обиди од тогашното Електростопанство и имало заинтересирани европски компании за овој проект. Тогаш пред се биле австриски и германски компании. Првата процедура е започната во 2006 година – вели Андонов.

Тој додава дека овој проект е составен дел на целиот комплекс интегрален развој на река Вардар.

Обвинувањата дека Грците ќе ни ги земат водите потекнуваат од некои лични причини и некој наш синдром. Неколку луѓе сакаат да направат и наметнат стравови во јавноста со флоскулите дека ќе сме ја давале водата на Грците, вели Андонов.

Законот за води, појаснува тој, јасно кажува дека ќе добијат дозовола за користење на вода само за производство на електрична енергија. Во овој Закон за води, вели Ангелов има приоритети, а тоа се наводнување, пиење, водоснабдување, земјоделски цели и електрична енергија на четврто место.

Кога се зборува за концесиите, Андонов смета дека станува збор за намерни забуни кои се шират. Имено, според член 39 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, основата за спроведување на постапката кажува дека договорите предвидени со овој закон се склучуваат за период до 35 години сметано од денот на склучување на договорот, односно од денот на влегување во сила ако овој датум се разликува. Но тоа што никој не го објаснува, вели Андонов е дека ова важи само доколку со посебен закон поинаку не епредвидено.

-Е сега, во Македонија основен и посебен закон за водите е Законот за води. Во Законот за води имате времетраење на концесија одреден во член 57 каде се поделени хидроелектраните и во кој член од законот се кажува дека за производство на електрична енергија во хироелектрични централи со моќност над 10 мегавати, концесијата е до 70 години – објаснува Андонов.

Најново