Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотресот во Турција однесе 40.000 животи, пронајдена торба со два милиони долари

Турската Управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во минатонеделниот разорен земјотрес во јужна Турција се искачи на 40.642.

Во претходниот извештај од вчера, објавен од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, беше потврдена смртта на 39.672 лица, додека во соседна Сирија загинаа над 5.800 луѓе.

Противпожарната служба под урнатините на една од куќите во Турција, во провинцијата Газиантеп, пронашла торба со речиси два милиони долари и ја предала на полицијата, јави Анадолија. Доколку не се најдат сопствениците на парите, тие ќе бидат префрлени во државната каса.

Нашите најпрво одат да спасат животи, а потоа ги вадат и работите на луѓето кои ги погоди земјотресот, изјави за Анадолија шефот на противпожарната бригада на Газиантеп Чафер Јилмаз.

Претходно руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека руските спасувачи пронашле 150.000 долари во готовина под урнатините на една од зградите, а парите и ги предале на полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен