Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјите од Г7 со силна поддршка за Украина во Минхен

Министерството за надворешни работи на Јапонија соопшти дека министрите за надворешни работи на седумте најразвиени земји во светот (Г7) денеска на Минхенската безбедносна конференција повторно силно ја поддржаа Украина, која се бори против руската инвазија и ги повикаа другите земји да престанат да ја поддржувате Москва.

Според соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи, претставниците на Г7 ја осудија „неодговорната“ реторика на Русија поврзана со заканите на Москва за употреба на нуклеарно оружје во војната против Украина и ја означија како „недозволива“.

Министрите од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, плус Европската унија, ги осудија континуираните напади на Русија врз украинските цивили и основната инфраструктура и се согласија Москва да ја повикаат на одговорност согласно меѓународното право.

На состанокот на претставниците на земјите од Г7 присуствуваше и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој беше поканет од министерот за надворешни работи на Јапонија, Јошимаса Хајаши, се додава во соопштението.

Јапонија го презеде ротирачкото претседателство со групата Г7 на почетокот на оваа година. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен