Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Газа стана најопасното место во светот за новинарите и нивните семејства

Според Комитетот за заштита на новинарите, од 7 октомври досега се убиени вкупно најмалку 64 новинари, меѓу кои четворица израелски и тројца либански новинари

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права на окупираната палестинска територија соопшти дека Газа стана најопасното место во светот за новинарите и нивните семејства.

Од нападот на Хамас на 7 октомври, најмалку 57 палестински новинари се убиени во Газа.

Убиени се вкупно 64 новинари, меѓу кои четворица израелски и тројца либански новинари. Тие „во реално време го информирале светот за ужасите низ кои минуваат цивилите во Газа“.

„Нивната посветеност заслужува признание“, нагласуваат од Канцеларијата на ОН.

Исто така, се известува дека новинарите и медиумските работници добиле „заканувачки и застрашувачки“ телефонски повици од членови на израелските безбедносни агенции.

„Убиствата и присилното раселување на новинарите ја попречија нивната способност да известуваат од земјата во Газа“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен