Кучето што влета на теренот во Скопје стана светски хит

Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска донесе разочарување за домашните навивачи, но еден неочекуван „учесник“ успеа да го украде вниманието – кучето што влета на теренот на Националната арена „Тодор Проески“.

Кучето се појави во текот на првото полувреме, непосредно по водечкиот гол на Шкотска, поради што натпреварот накратко беше прекинат.

Наместо веднаш да го напушти теренот, четириножниот натрапник се упати кон фудбалерите и посебно се задржа во близина на шкотскиот лев бек Себастијан Херера.

Сцената брзо стана хит на социјалните мрежи, а фотографии и видеа од кучето беа споделени и од големи странски спортски медиуми.

The Athletic објави снимка од моментот, шеговито забележувајќи дека еден „домашен навивач“ очигледно не бил задоволен од водството на Шкотска.

Кучето по кратката прошетка по тревникот го напушти теренот, а натпреварот продолжи.

За неколку минути на стадионот, сепак, успеа да стане една од најсподелуваните сцени од мечот во Скопје.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?