Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вечерва прекинува потрагата по преживеани во Турција

Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, изјави дека потрагата и спасувањето ќе заврши денеска навечер.

Досега се регистрирани повеќе од 46.000 жртви од разорните земјотреси во Турција и Сирија.

Бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Ниту Турција ниту Сирија сè уште не соопштија колку луѓе се водат за исчезнати. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен