– Русија речиси целосно го пренасочи извозот на нафта во Кина и Индија, со што доби приходи споредливи со 2021 година пред воведувањето на западните санкции, изјави денеска рускиот вицепремиер задолжен за енергетика Александар Новак. .
Според него, Русија, која е погодена од бројни западни санкции поради офанзивата во Украина, особено на енергенсите, денес продава 45 до 50 отсто од нафтата на Кина и 40 отсто на Индија.
„Ако претходно ја снабдувавме Европа со 40 до 45 отсто од вкупниот обем на нашиот извоз на нафта и нафтени деривати, очекуваме дека таа бројка нема да надмине четири до пет отсто до крајот на оваа година“, рече Новак во интервју за руска телевизија.
Тој рече дека „рускиот енергетски и нафтен комплекс успешно се разви во 2023 година“, и покрај ограничувањата воведени од Западот.