Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полскиот министер за култура одлучи државните медиуми да влезат во постапка за ликвидација

Полскиот министер за култура Бартоломеј Сиенкиевич денеска изјави дека одлучил да ја стави државната телевизија, како и радиото и новинската агенција, во постапка за ликвидација.

Неговиот потег следи по одлуката на полскиот претседател Анджеј Дуда да стави вето на предлозите на новата влада за финансирање на јавните медиуми.

-Поради одлуката на претседателот на Полска да го суспендира финансирањето на јавните медиуми, решив да ги ликвидирам компаниите кои управуваат со телевизијата, радиото и новинската агенција, објави Сиенкиевич на платформата „Х“.

Тој рече дека во сегашната ситуација со ваквата реакција ќе се обезбеди продолжување на работата на тие компании, ќе се овозможи потребното преструктуирање и ќе се спречи отпуштање на вработените.

Зачлени се на нашиот е-билтен