Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Халеви: Израелските сили „во состојба на готовност“ поради напад на Хезболах

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви денеска изјави дека армијата на земјата е „во состојба на готовност“ поради нападот на милитантната група Хезболах од јужен Либан.

Десетици илјади жители на северен Израел се евакуирани од нивните заедници како резултат на секојдневните ракетни и беспилотни напади на Хезболах врз регионот, пишува Тајмс оф Израел.

-ИДФ е во многу висока готовност. Досега кампањата овде (на границата меѓу Израел и Либан) се спроведуваше правилно и педантно и треба да продолжи така. Нема да ги враќаме жителите назад без загарантирана безбедност и чувство на сигурност, рече Халеви.

Началникот на Генералштабот на ИДФ рече дека прва задача на армијата е да ги врати раселените израелски жители, но дека ќе биде потребно време за да се постигне тоа.

Халеви нагласи дека плановите за иднината се одобрени и дека Израел мора да биде подготвен за офанзива, доколку е потребно. 

Зачлени се на нашиот е-билтен