Жртвите на нападите на вооружените групи во централната нигериска држава Плато сега достигнаа 198, покажуваат новите податоци на локалните власти.
Во селото Бокос се пронајдени 148 жртви, а 50 луѓе се убиени во четири села во соседната област Баркин Лади. 500 беа повредени, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови.
Помеѓу саботата навечер и понеделникот наутро, вооружени групи нападнаа најмалку 20 села во државата Плато, која со години е измачувана од верски и етнички тензии. Локалните власти велат дека нападите биле добро координирани.
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, им нареди на безбедносните агенции веднаш да интервенираат и да ја проверат секоја педа од областа погодена од насилство за да ги фатат одговорните.