Саудиската државна телевизија денеска објави дека Саудиска Арабија официјално влезе во меѓувладината организација БРИКС.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија во август соопшти дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.
Принцот Фајсал бин Фархан рече дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка, пренесе Хина.
Досега БРИКС го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а на 1 јануари покрај Саудиска Арабија ќе му се приклучат и Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија.
Влегувањето на Саудиска Арабија доаѓа во време на геополитички тензии меѓу САД и Кина и зголемено кинеско влијание во Саудиска Арабија.
И покрај сѐ уште силните врски со САД, Саудиска Арабија сè повеќе оди по својот пат бидејќи смета дека Вашингтон е помалку посветен на безбедноста во Заливот отколку порано.
Кина, најголемиот купувач на саудиска нафта, ги предводи повиците за проширување на БРИКС за да се спротивстави на Западот и да го претставува глобалниот југ.
Аргентина во ноември објави дека нема да се приклучи на БРИКС.