Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Богоев: Раст на царинските приходи и нови проекти вредни 30 милиони евра, бенефитите ќе ги почувствуваат македонските компании

„Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7% во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3%, а раст од 5% има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари. Растот на наплата на приходи од страна на Царинската управа, значи и повеќе пари за здравство, образование, подобрување на инфраструктурата од што бенефит ќе имаат сите граѓани на нашата држава.“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, на брифингот со новинарите одржан денеска со министерот за финансии, Фатмир Бесими, и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, а на кој беа презентирани резултатите од 2023 година.

Богоев вели дека резултатите се веќе препознаени и од бизнис заедницата, при што во последната анкета на Советот на странски инвеститори, Царинската управа е институција од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни. Богоев притоа истакна дека Царинската управа вложува во нови развојни проекти во вредност од над 30 милиони евра.

„Целта е македонските компании да можат да ги искористат бенефитите од новите проекти во вредност од над 30 милиони евра – средства обезбедени од фондовите на ЕУ, Светска банка, и други донатори, како и дополнителни 60,6 милиони денари буџетски средства обезбедени за развојни проекти на Царинската управа кои започнаа да се спроведуваат оваа година и чија имплементација ни претстои“, истакна Богоев.

Зачлени се на нашиот е-билтен