Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопската градоначалничка Арсовска ќе формира партија

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2021 година, потврди дека се подготвува да формира политичка партија.

Таа вчера во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај, годинава.

– Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе, вели Арсовска.

Таа не кажа дали се гледа себеси како лидер на оваа политичка партија, ниту дали имиња кои претходно биле дел од политичката сцена би биле нејзини членови.

Зачлени се на нашиот е-билтен