Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мерсел Биљали: Потребен е вистински мерит систем во државните институции

Во интервју во Студиото на Слободен печат, политичкиот аналитичар Мерсел Биљали коментирајќи ги случувањата во М-Нав истакна дека во такви важни, витални институции потребен е сериозен пристап во вработувањето, но и во напредувањето во хиреархијата.

Биљали посочи дека потребен е вистински мерит систем за вакви случувања повеќе да не се повторуваат.

„За да имате мерит систем ви треба закон со кој не само административната структура и структурата која е на власт да одлучува кој ќе биде примен на работа, мора да имате друга структура, дури и сегмент од опозицијата, јавноста па дури и медиумите кои ќе одлучуваат, по што се прават и тестирања и се одбираат најдобрите кандидати“, истакна тој.

Биљали посочи примери од други држави, каде што таквиот систем фунлционира.

„Добар пример за тоа како функционира тој мерит систем е Швајцарија, каде никој не може да ти помогне ако не ги минеш тестовите, без разлика дали си брат на министер и пратеник. Таму со учење, со посветена напорна работа, може да се стане важен човек во општеството, за разлика од овде“, посочи Биљали.

Тој истакна дека многу време е изгубено во одложувањето на решението на спорот со Грција и дека ако тој проблем се решел порано, сега Македонија би била во сосема поинаква позиција.

„Ние проблемите со Грција требаше да ги решаваме многу порано, со што многу порано ќе бевме членка на ЕУ и сега ќе бевме развиена држава со просечни плати од 1200-1300 евра и многу понапред од Бугарите“, рече Биљали.

Аналитичарот укажа на свесно експлоатирање на емотивниот пристап на граѓаните кон односите со соседите, а тоа според него претставува опасност по иднината на државата.

„Тој емотивен пристап што подолг период се држи во живот, ја уништува иднината на државата. И претпоставувам дека ако луѓето продолжат нерационално и со емоции да тераат и политички да се ескплоатира тоа носи уште полошо. Таквиот однос не води никаде и ако се направи една проста анализа, со вакво однесување Македонија за 50 години ќе остане празна, а 50 години и не се така далеку како што се чини“, заклучи Биљали.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново