Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рамадани: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од Талат Џафери како технички премиер, бидејќи нема да им остави простор за опструкции и малверзации

„Ако имаат намера министрите и дополнителните заменици од ВМРО-ДПМНЕ, да дејствуваат надвор од законот за техничка влада, тогаш ја знаат острината на Талат Џафери и дека тој најверојатно ќе реагира поостро и нема да дозволи да се функционира надвор од пропишаното во законот за техничка влада“, рече политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека има ситуации каде техничките министри и дополнителни заменици, по директива на партијата се баваат со опструкции и со работи кои не се во рамките на техничката влада.

„Тие мислат дека имаат право да дејствуваат како политички личности со политички функции, да излегуваат надвор од законот“, рече Рамадани.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веројатно претпоставуваат, знаејќи го Џафери како претседател на Собрание, дека ќе се држи стриктно до законот и деловникот и нема да остава простор за импровизации.

„За еден косовски медиум дадов изјава, дека кога се споредуваат министрите во косовската влада и Албанците во нашата влада, компететно велам дека Албанците во нашата влада се поспособни. Нема структура Курти во Северна Македонија кај Албанците која е поквалитетна и подобра“, посочи Рамадани.

Тој додаде дека албанската опозиција во Северна Македонија има поквалитетен кадар од тој на Курти и оттука не гледа причина да се вклучува партијата на Курти во изборната коалиција.

„Во исто време, не треба да се дава повод за коментари. Ако си против една политика на Српски свет, со руско влијание, тогаш не треба да играш на тезите на Албански свет, на тезите на Вучиќ, кои се руско-српски. Не може да се бориш против таквите тези, ако влетуваш во таа формула и сам“, рече Рамадани.

Тој додаде дека дејствувањето на Курти во земјава само ќе даде сила и алиби на проруските и просрпските влијание, кои и така во нашава држава имаат структури и уточишта.

Зачлени се на нашиот е-билтен