Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Богоев: Преку зголемување на ефективноста на Царината ги подобруваме условите за работа на компаниите

Директорот на Царинската управа денеска ја посети фабриката на компанијата Дрекслмајер Македонија, еден од најголемите странски инвеститори во Македонија.

Во разговорот со генералниот директор на компанијата Лукас Мирингер, Богоев истакнал дека Царинската управа преку зголемување на својата ефективност и ефикасност придонесува за подобрување на условите за работа на компаниите.

„Целта на сите мерки и активности што ги преземаме во моментов е олеснување на трговијата и забрзување на транспортот со цел зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар што ќе резултира со поголеми приходи во Буџетот и повеќе пари за инфраструктура“ истакнал Богоев.

Дрекслмајер е една од компаниите кои имаат и статус на овластен економски оператор. Од таму велат дека стекнувањето на ваков статус за компанијата значи поедноставување на постапките, забрзување на протокот на стока, како и олеснување на трговијата и одржување на константно ниво на безбедност.

Странските компании гледаат партнер и сојузник во Царинската управа на Македонија и изразуваат задоволство од досегашната соработка со македонската царина.

Според генералниот директор на Дрекслрмајер Македонија Лукас Мирингер, царината и нејзиниот професионален однос игра важна улога за задржување, но и проширување на странските инвестиции.

„Од основањето на Дрекслмајер Македонија во 2012 година, воспоставивме добра соработка со Царинската управа која ја одржуваме изминативе дванаесет години. Како германски инвеститор и снабдувач на премиум автомобилската индустрија, горди сме што имаме можност да дадеме значаен придонес за економскиот развој. Нашата долгогодишна соработка, која се карактеризира со одговорност и меѓусебна доверба, претставува цврста основа за Дрекслмајер Македонија и понатаму да продолжи успешно да испишува автомобилска историја во земјава“, посочил Мирингер на средбата со првиот човек на Царинската управа, Стефан Богоев.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново