Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“донираше уште едно амбулантно возило на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ и годинава продолжува со ангажманите за поддршка и унапредување на јавното здравје, кои беа главен белег на реализираната програма и во претходната година. Како резултат на тоа, возниот парк на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица од денес е побогат за уште едно амбулантно возило.

Директорот на Фондацијаta Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата д-р Венко Филипче, ѝ го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица д-р Катерина Кузмановска, а на чинот на примо-предавање присуствуваше и заменик министерот за здравство д-р Маја Манолева.

Донацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти.

На оваа ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви.

Зачлени се на нашиот е-билтен