Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Единствено Мицкоски не кажа збор за дискриминацијата врз жените

Христијан Мицкоски е единствениот кој не кажа ниту збор за случајот со ксенофобија, дискриминација, омаловажување и деградирање на жените на интервју на Јутјуб канал за кој надлежни институции веќе постапуваат, соопштуваат од СДСМ.

Исто така, Христијан Мицкоски не го осуди ниту бруталниот чин на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој во собраниската сала ја навреди и се обиде физички да ја нападне пратеничката Жаклина Лазаревска.

Мицковски требаше јавно да се произнесе, да ги осуди овие случаи и да ја искине партиската книшка на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ кој вака постапува.

Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, Мицкоски молчи за овие случаи. Прашњето е дали со овој начин на однесување, дали со молкот Мицкоски се става на погрешна страна и индиректно ги заштитува протагонистите на говорот на омраза и омаловажување на жените?, се вели во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен