Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ѓуровски: Македонскиот и украинскиот народ делат исти вредности и тие не смеат да бидат поразени со воена агресија

Падна големиот руски мит дека Украина и Киев ќе се освојат за петнаесет дена. Се сеќаваме дека специјалната руска операција требаше да заврши за 72 часа. Големата руска армија не ја извојува победата во изминатите 12 месеци. Значи, нема дилема дека Украина ќе ја зачува својата територија. Украина има силна волја да ги ослободи своите територии, секако со западна помош, изјави професор д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ на вчерашната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Тој истакна дека „нашата земја како членка на НАТО целосна ја осудува руската воена агресија која го наруши меѓународното право, прифатените општи принципи на мир и европски вредности на демократија и стабилност. Не можеме да ја одредиме иднината на Украина во Брисел, Вашингтон или Лондон. За ова треба да решава официјален Киев како што и го прави тоа со носење на храбри одлуки. Ние како земја членка на НАТО заедно со нашите сојузници стоиме зад Украина, јасната заложба и одлучност за зачувување на територијалниот интегритет и суверинитет на Украина“.

Република Северна Македонија како дел од НАТО е членка на антивоената коалиција и сите ги браниме правата на самоопределување, слободно и независно живеење за цела Европа. Зошто во Украина се бранат токму европските принципи на сите нас. Нашата држава и македонските граѓани со украинскиот народ делат исти вредности и тие не смее да бидат поразени со воена агресија која се надевавме дека е дел од историјата, истакна Ѓуровски.

Според него, Русија ќе се обиде да предизвика нови кризи во Европа, како и на Балканот, а да се дефокусира европското политичко внимание.

Сега сме далеку од мирно решение за воената агресија на Русија врз Украина. И, на тој начин ќе имаме еден замрзнат конфликт на европскиот континент малку подолг период… Најважно е на почетокот, но и сега, да не дојде до директен воен конфликт меѓу Русија и Северно-атлантската алијанса, бидејќи тоа ќе значи нова светска војна. Воедно, сите тие воени судири што се на територијата на Украина, не би смеело да се прелеат на соседните држави, нагласи професорот Ѓуровски.

Тој наведе какви сценарија ни претстојат, а тоа се: 1. Нова длабока воена офанзива; 2.Долга војна со тенденција на замрзант конфликт; 3.Европска војна –Русија со НАТО; 4.Дипломатско решение; 5.Промени во Русија од внатре;

Во вакви услови на неизвеснот најважно е враќањето на САД на Балканот и нивниот проактивен однос кон отворените прашања, истакна Ѓуровски во својот говор на конференцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен