Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јовановски во „Политиканти“: Човек не може да остане индиферентен за Навални, за некој кој упорно се бори за нешто што во моментот делува неостварливо

Борјан Јовановски

„Човек не може да остане индиферентен за една таква човечка приказна, за некој кој делува ирационално, кој упорно се бори за нешто што во овој момент делува просто невозможно да се оствари. Зборуваме за Алексеј Навални кој беше човекот кој беше единствениот потенционален опозициски лидер ако воопшто може таму да се зборува за опозиција“, изјави новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат.

Во однос на информираноста на Русите за Навални, Јовановски подвлече дека тамошните медиуми сосема поинаку ги прикажуваат нештата.

„Тројцата адвокати на Навални се осудени на затвор. Двајцата се надвор од државата, едниот е во затвор. Ти просто си забрануваш да мислиш против Путин. Пробај да кажеш дека не си за Путин на анкета на улица или телефон. После онаа брутална пресметка со Пригожин и сега со Навални, и тој тип на акции за кои ние 90% не знаеме, начините на кои Путин се пресметува со сите безмилосно“, потенцираше Јовановски.

Тој постави реторичко прашање каков медиумски пејзаж имало во нашата земја во времето на Груевски.

„После цела афера со бомбите, после се што се откри со таа афера, 2017 година победи ВМРО-ДПМНЕ. Дури на локалните избори кога се отворија луѓето, кога доживеаја малку поинаква клима, резултатот беше сосема поинаков“, заклучи Јовановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново