Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови

 Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија и неконтролираниот увоз од Украина.

Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на аграрот на Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Естонија, Литванија и Латвија минатата недела ги доставија до еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.

Иако во секоја од земјите конкретните барања до Европската комисија и до националните влади се малку различни, тие заедно бараат да се зголемат компензациите за мерките за заштита на животната средина што Зелениот договор за климатските цели на ЕУ ги принудува земјоделците да ги преземат, за да се намали бирократија, системот за субвенционирање да стане транспарентен, а исто така и поефикасно да се регулира увозот на земјоделски производи од Украина за да не се дестабилизира нивните пазари.

И полската и чешката Влада го изразија своето разбирање за протестите, но чешкиот премиер Петр Фијала предупреди дека едно од барањата што се слушна на протестите во Централна Европа, нивните земји да се повлечат од зелениот договор, едноставно не е можно.

Претходно претставници на украинските и полските власти меѓусебно се заканија со воведување целосно ембарго на земјоделските производи од соседната земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен