Хутите им забранија влез на израелски, американски и британски бродови во Црвено Море

– Центарот за координација на хуманитарните операции, што е под контрола на јеменските милитанти Хути, денеска соопшти дека на бродовите што се целосно или делумно во сопственост на израелски поединци или ентитети и на бродовите под израелско знаме им е забрането влегување во Црвеното Море, Аденскиот Залив и Арапското Море.

Во документот што го виделе британски медиуми се наведува дека прогласот е испратен до осигурителните компании и други компании што работат во регионот.

Покрај израелските бродови, влезот во трите мориња им е забранет и на бродови во сопственост на американски или британски поединци и ентитети, како и на бродови што пловат под нивни знамиња.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?