Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шпанија ќе додели уште 20 милиони евра на УНРВА

Шпанија ќе додели дополнителна помош од 20 милиони евра на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА), изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Хозе Мануел Албарес.

Во февруари шпанската Влада и ветила 3,5 милиони евра на Агенцијата на ОН.

„Новата финансиска помош е наменета за „да ја поддржи организацијата во нејзината хуманитарна работа во Појасот Газа и во задоволувањето на потребите за храна, образование и здравствена грижа на речиси шест милиони палестински бегалци во регионот“, рече Албарез по состанокот во Мадрид со шефот на УНРВА, Филипе Лазарини

Некои земји, вклучително и САД и Велика Британија го прекинаа финансирањето на УНРВА по израелските обвиненија дека 20 вработени од нејзиниот персонал од 13.000 лица учествувале во нападите на радикалната палестинска група Хамас врз Израел на 7 октомври, по што почна конфликтот во Појасот Газа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен