Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милановиќ ги закажа парламентарните избори во Хрватска за 17 април, првпат ќе се гласа во среда

 Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат на 17 април, соопшти денеска претседателот на Републиката Зоран Милановиќ, јави Хина.

Ова ќе бидат први избори во Хрватска на кои ќе се гласа во среда, 17 април, а тој ден е проглаен за неработен во земјата.

Милановиќ го објави датумот на парламентарните избори откако вчера беше распуштен десетиот состав на хрватскиот Сабор.

Хрватскиот претседател донесе и одлука за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Република Хрватска, а гласањето ќе се оддржи во недела на 9 јуни 2024 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен