Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Илиоска – Апатураи: НАТО ќе ја дава поддршката на Северна Македонија, се до градење на висока отпорност кон хибридните закани

Хибридните закани со кои земјава се соочува во изминатиот период биле една од темите на разговор на денешниот состанок на експертско ниво на НАТО делегацијата предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, со претставници на Советот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница како и членовите на Оперативниот тим на Советот. 

Како што соопшти владината прес-служба, Даниела Илиоска секретар на Советот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница.-која е домаќин на НАТО делегацијата предводена од Апатураи, изрази задоволство за можноста да разговаарт одблиску за хибридните закани и напади со кои се соочуваме како земја изминатиов период.

-Би сакала пред се да започнам со најважната информација, а тоа е  дека граѓаните се безбедни и безбедносната ситуација е стабилна. Се соочуваме со интензивен хибриден напад чија цел е да внесе вознемирување, страв, паника и хаос кај граѓаните, изјави Илиоска

Апатураи истакна дека Северна Македонија како НАТО членка ја има поддршката во справувањето со хибридните закани.

-Северна Македонија се справува со намерен, издржан и циничен хибриден напад. Но како НАТО членка, не се справува со овој предизвик сама, туку е член на семејство на демократии кои стојат заедно и се поддржуваат едни со други. Имам пофалби за Владата на Северна Македонија за чекорите што ги презеде за одбрана и градење отпорност од овие сајбер и хибридни напади, изјави заменик- помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи. 

Тој нагласи дека НАТО и индивидуалните сојузници веќе споделуваат информации и овозможуваат техничка поддршка.

-За време на мојата посета дискутиравме за идните чекори кои можат да бидат преземени за да се засили сајбер безбедноста на земјата и да се зајакнат механизмите за ефективна владина акција, нагласи Апатураи. 

 Секретарот Илиоска, овие закани ни доаѓаат со разгорувањето на воената агресија на Русија врз Украина и тие се комбинација на странски и домашни актери.

-Ова е случај и во другите земји од регионот и на други НАТО членки. Сите земји од слободниот свет се соочуваат со зголемен интензитет на хибридни закани. Меѓународно соработуваме со сите партнерски безбедносни организации и институции, од првиот ден и првата закана. Денеска имаме на гости и експертски тим на НАТО кој е тука за да ја продлабочиме таа соработка, рече Илиоска.

Таа, како што стои во соопштението упати голема благодарност до НАТО за целата поддршка која ни ја дава и за надминување на актуелната состојба, но и за долгорочното градење на отпорност на Северна Македонија во справувањето со хибридните закани и напади.

Зачлени се на нашиот е-билтен