Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се спроведува, Велковски ги исполнува задолженијата што ги доби од партијата

ВМРО не запира со спроведувањето на Оперативниот план кој минатата недела го разобличи истражувачкиот новинар Фуркан Салиу.

До редакцијата на Рацин.мк пристигна документ насловен како Укажување, потпишан од техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Откако ја потврдивме автентичноста на документот изготвен на 4 април оваа година од наши извори во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), констатиравме дека од него сосема јасно произлегуваат неколку цели кои се совпаѓаат со протечениот документ Оперативен план за креирање лажни анкети и лажни вести, како и за прибирање бази на лични податоци од одредени целни групи од гласачкото тело.

Како што беше обелоденето, во ОП на ВМРО-ДПМНЕ, посебно место има техничкиот министер на оваа пртија Ѓоко Велковски.

Тој, според ОП, доби задолжение да обезбеди списоци и да мапира пензионери, како и приматели на нега од трети лица и на болни и изнемоштени кои ќе гласаат од дома.

Во документот што го доби Рацин.мк е видливо дека тој следува по претходно Укажување од 15.03.2023, кое одговорните лица на јавните установи за социјална заштита морале лично да го потпишат. Тој документ се повикува на одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција и судир на интереси, кои, очигледно, послужиле како рамка за заплашување доколку не бидат исполнети постапувањата што ги наложува Велковски со ова Укажување од 4 април.

Велковски им наредува на раководните лица на Центрите за социјална работа да запрат со изготвувања на решенија на сите нерешени предмети за правата од социјална и детска заштита и тоа од периодот од 11 април до 7 мај оваа година.

Со ова, според нашите извори во МТСП, министерот во итноста на своето барање бескрупулозно да ги крши правата на граѓаните ги занемарува роковите по кои треба да постапат центрите по добиеното Укажување, па им наредува да не изготвуваат нови решенија и со тоа им го скратува правото на ранливите категории граѓани да остварат права од социјална заштита.

Дополнително, Велковски со ова Укажување им наредува на раководителите на јавните установи за социјална заштита, спротивно на законот, да му достават информации за сите изготвени решенија за периодот од 1 јануари до 9 април оваа година, кои тој нема право по ниту еден основ да ги чита. 

Со ова Велковски и со увидот во овие информации, практично го исполнува задолжувањето што му е доделено со Оперативниот план во делот на обезбедување бази на податоци за болни и изнемоштени лица, од кои еден дел ќе гласаат од својот дом.

Во Укажувањето понатаму следуваат наредби да се извршуваат само „крајно неопходните теренски активности и посети на домовите“ на лицата опфатени со овие наредби, што следствено значи дека тие нема да можат да ги извршуваат своите должности согласно протоколите за утврдување на оправданост за стекнување право на социјална помош и заштита на граѓаните.

Уште повеќе, Велковски во ова Укажување им забранува на директорите да остануваат во своите канцеларии по работно време и да не разговараат со странките по телефон.

Од сето ова единствено што може да се заклучи е дека вакви неболузни забрани се далеку од демократија, но и од правниот поредок.  Одземање на слобода на директорите, злоупотреба на лични податоци на граѓаните кои чекаат да остварат права  токму од технички министер кој својот краток мандат го потроши на зборување за сиромаштија и за тоа како 600 000 граѓани живеат со 150 денари дневно, што само го покажува лицемерието и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите извори во МТСП не известија дека дополнителната министерка Јованка Тренчевска, испратила контра укажување со јасно цитирани членови од Закон, за да го спречи упадот во правниот поредок на работата на министерството и на јавните установи за социјална заштита, како и да осигура непречено работење на Центрите за социјална  работа во државава.

И на крајот, но не помалку важно, посочуваме и на тонот на кој е напишано Укажувањето во име на техничкиот министер Велковски исполнето со закани.

Зачлени се на нашиот е-билтен