Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.

-Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд.

По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада.

Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите – 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена.

СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.

-Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

Зачлени се на нашиот е-билтен