– Германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) му забрани на својот водечки кандидат за европските избори, Максимилијан Крах, јавно да дава изјави, откако тој коментираше дека не сите членови на СС криминалци.
Портпаролот на партијата го потврди извештајот на весникот Билд дека федералниот извршен одбор му забранил на Крах да зборува јавно на околу две недели пред изборите во ЕУ.
Крах на социјалната платформа Х објави дека ќе се воздржи од понатамошни настапи во изборната кампања и дека ќе поднесе оставка како член на сојузниот извршен комитет.
Потегот доаѓа еден ден откако француската екстремно десничарска партија Национален собир соопшти дека повеќе не сака да седи во истата парламентарна група со АфД поради коментарите на Крах.
Крах изјави за италијанскиот весник Ла Република дека не сите членови на СС криминалци, мислејќи на Шуцштафел (Schutzstaffel – SS), главната паравоена организација под Адолф Хитлер и нацистичката партија.
„Никогаш нема да кажам дека секој што носел униформа на СС автоматски бил криминалец“, рече Крах. На прашањето дали СС луѓето се воени злосторници, тој одговори: „Криминалците секако беа во голем процент, но не сите беа криминалци“.